
Станислав Радовиќ, жител на Подгорица, е уапсен на сириската граница, кога се обидел да прошверцува околу два тони лесно оружје и дваесетина минофрлачи, јавуваат црногорските медиуми.
Сириските власти се сомневаат дека Радовиќ во Триполи го натоварил оружјето во камион со ознаки за хуманитарна помош и пробал да го префрли во Сирија.
Вредноста на запленетото оружје се проценува на околу милион долари. Меѓу оружјето најмногу имало пиштили и руски и југословенски пушки калашников. Се сомнева дека станува збор за оружје кое некогаш било легално внесено од Поранешна Југославија и Советскиот Сојуз.
Радовиќ, порано работел во неколку хуманитарни организации, но лиценцата му била одземена поради повеќе кршења на законот.