
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во саботата дека стравува оти поради влошената економска ситуација во Европа поради последиците од војната, Украина може да биде соочена со притисок да склучи мировен договор со Русија кој не е во нејзини интереси.
„Премногу земји велат дека ова е европска војна којашто е непотребна… и така ќе се зголеми притисокот за да се охрабрат, можеби со принуда, Украинците на лош мир“, изјави Џинсон за радиото на руандската престолнина Кигали, каде што присуствува на самитот на Комонвелтот.
Џонсон, исто така, оцени дека последиците од тоа што рускиот претседател Владимир Путин би можел да го оствари во Украина, „ќе бидат опасни“ за меѓународната безбедност и „долгорочна економска катастрофа“, пренесе Reuters.