Челниците на Г7 ќе договорат забрана на увозот на злато од Русија

Американскиот претседател Џо Бајден и неговите колеги од групата седумте најразвиени земји на светот Г7 на самитот во Германија ќе договорат забрана за извоз на нови количества злато од Русија, објавија во саботата деловната агенција Bloomberg и агенцијата Reuters повикувајќи се на свои извори запознаени со прашањето.

Претходно во вторникот беше објавено дека челниците на Европската унија се подготвени да го задржат притисокот со санкции врз Русија поради војната во Украина на самитот кој ќе се одржи кон крајот на седмицата, а како евентуална следна мерка против Москва се размислувало за златото но без зададен рок, се наведува во нацрт-документот во кој увид имала агенцијата Reuters. Сега се чини дека таквата мерка ќе биде донесена по состанокот на врвот на Г7,

Според соговорникот на Bloomberg, челниците на Г7 ќе ја објавата својата посветеност на политиките кон Русија на самитот кој од 26-ти до 28-ми јуни ќе се одржи на југот на Германија. Во таа насока, се потсетува во прилогот, агенцијата Reuters објави дека американското Министерство за финансии во вторник ќе издаде декрет за забрана на увоз на ново руско злато во САД.

Дополнителни поединости од таквата мерка сѐ уште не се објавени. Во меѓувреме агенцијата ТАСС побарала но не добила одговор на барањето за коментар на овие информации од Белата куќа и од американското Министерство за финансии.

Ембаргото на злато, ќе ги надополни веќе постојните жестоки санкции воведен по започнувањето на руската воена инвазија во Украина, со кои се опфатени повеќе чувствителни сектори, како енергетскиот и финансискиот со што се блокирани плаќањата кон и од Русија, што резултира и со енергетска криза во прв ред во Русија, а се заканува и глобална прехранбена криза за што меѓусебно се обвинуваат Москва и Западот.

Кон крајот на март, поради западните санкции бреа замрзнати околу 300 од вкупно 640 милијарди долари вредни руски резерви на злато и девизи. Руската централна банка соопшти дека има резерви од уште 132 милијарди долари во јуани и злато. Во вторникот во Москва беше објавено дека руското министерство за финансии предложило создавање државни резерви од благородни метали и камења наменети за мобилизирана на земјата, но беше отфрлено оцената дека тоа значи подготовки за воена состојба во Руската Федерација, туку дека целта е обезбедување финансиска стабилност.

Претходно седмицата Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации при Советот за национална безбедност на САД, рече дека лидерите на Г7 ќе разговараат за зајакнување на санкциите против Русија и минимизирањето на трошоците за покривање на нивните последици врз светската економија.