
Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека ИДИЛ, групацијата „Исламска држава во Ирак и Левантот“,чија бескпруполозност и убиствата што ги врши го шокираа цивилизираниот свет, не може да биде победена само од САД.
Од весникот нагласуваат дека верските малцинства и другите заедници кои се под опасност од ИДИЛ, барем малку добија помош поради американските воздушни напади и други мерки преземени од страна на САД.
– Но, за да биде победена ИДИЛ потребен е организиран долгорочен одговор, вклучувајќи широка коалиција од држави, меѓу кои и други муслимански земји, се наведува во редакциската статија на весникот.
Како што истакнува весникот, убиството на Џејмс Фоли, американскиот новинар, како и прогонствата на христијаните и јазидите во целосно светло ја прикажуваат суровоста на ИДИЛ.
– И додека ризикот за САД и Западот е реален, оние кои ја плаќаат највисоката цена се муслиманите. Поради тоа претседателот Барак Обама беше во право кога кажа дека сите влади и народи на Блискиот Исток треба да вложат напори за отстранување на овој рак, со цел да не се прошири“, пишува весникот.