Многу наши сограѓани викендов ја напуштија државата и заминаа на викенд во Грција, но сепак еден граѓанин нема да го памети по добро престојот кај јужниот сосед.
Според објавите на социјалните мрежи, автомобил со македонски регистарски таблички паднал во Егејското море кај Неа Каликратија.
-Поздрав. Би сакале да го привлечеме вниманието на нашите следбеници за паркирање на угорнини. Дефинитивно, кревање рачна кочница и автомобилот секогаш во брзина. Денеска за жал се случи несреќа во Неа Каликратија кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа, никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски регистарски таблички“, стои во објавата на Фејсбук страницата „Grcka info“.