Жестока дебата се одвиваше денеска на собраниската седница за пратенички прашања помеѓу потпретседателот и пратеник Александар Николоски и премиерот на владата Димитар Ковачевски.
Имено, Николоски ја искористи можноста за поставување на пратеничко прашање до Ковачевски и го праша дали во Македонија се живее подобро, откако претходно наброја дека владата на СДСМ национално и економски ја опустоши државата, а трошоците на граѓаните за живот се’ повеќе се зголемуваат, додавајќи дали смета дека не е време за оставки и распишување на предвремени парламентарни избори.
Македонија се соочува со континуирана национална катастрофа години наназад, не само неколку месеци, директно негирање на македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, култура, историја, традиција, македонскиот народ. Македонија како што сите знаеме направи болен компромис и го промени името на државата, преку промена на Уставот, како тоа да не беше доволно, паралелно ни се случува економски пустош, инфлацијата галопира, на основните производи некаде е и над 100 проценти, електричната енергија континуирано поскапува, граѓаните во овие денови се во исчекување на ново поскапување на електричната енергија, која што за домаќинствата веројатно ќе достигне и до 130 проценти, а за компаниите веќе сите добро знаат дека е над 500 проценти, како и за институциите односно сите оние кои што се на таканаречениот слободен пазар веќе плаќаат 5 пати повисоки цени за електрична енергија, што неминовно ќе донесе до економски застој, и за жал затворање на работни места, вели Николоски.
Секоја недела очекуваме и се случува ново поскапување на горивото, како и на основните прехранбени производи. Секоја недела гледаме како одредена категорија земјоделци искажува незадоволство од актуелната состојба, како која култура доаѓа на ред, така го гледаме незадоволството, последно е на пример со оние кои што одгледуваат пченица и житни култури. Да не зборувам за тоа дека нема ден, а да нема штрајк, и тоа дека има една општа депресија помеѓу народот, што за мене е најболно имајќи во предвид дека нивото на депресија кое што го гледам помеѓу луѓето можеби и е незапаметено во Македонија, што поттикнува голем број да си заминуваат. Има секојдневни скандали, тендери во четири очи, неразјаснети спорни јавни набавки, преземање на компании за однапред познати сопственици пред се од Истокот на државата, како и креирање на политики и закони кои одат во корист само на едни. На сето ова се надоврзува и политичката криза и состојбата која ја имаме во собранието и помеѓу нас како политички партии имајќи во предвид дека вештачки се одржува мнозинството после локалните избори кога убедливи победи ВМРО-ДПМНЕ, што беше јасно изразување на народната волја. Во вакви услови, во услови на национална катастрофа, во услови на економско опустошување, ан корупција која што цвета и на немање на јасни планови во економијата, граѓаните си поставуваат бројни прашања, на пример никој не знае дали ќе има парно греење во зима во Град Скопје затоа што се носат нејасни одлуки, или никој не може да јасно си одговори што ќе се случува со цената на основните производи, или што ќе се случува со цената на електричната енергија, во услови кога граѓаните не гледаат јасен план. И затоа сакам да го прашам претседателот на владата, дали мислите дека во Македонија се живее добро и дали не мислите дека е време за оставка и предвремени парламентарни избори, праша потпретседателот Николоски.
Но, премиерот Ковачевски изгубен од реалноста, наместо да даде јасен одговор со оглед на состојбата и на обвинувањата од Николоски, од собраниската седница порача дека граѓаните живеат се подобро, како и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори, бидејќи владата се грижи за достоинството на граѓаните без разлика на етничка и верска припадност.
„Јас ќе ви дадам споредби, па вие ќе ми кажете кога се живеело подобро. Минималната плата е зголемена 100 проценти во нашиот мандат. Сите вие ме критикувавте зошто застанав зад зголемување на минималната плата. Дури економистите од ВМРО-ДПМНЕ јавно кажуваа да не се качува минималната плата. Просечната плата е качена. Затоа што субвенционирањето е поради повисоко платени работни места. Во сите ТИРЗ зони сите плати се над просечната плата. Ако зборуваме за младинската невработеност таа беше 47 проценти сега е дојдена на 28 проценти. Сите активности а гаранции, обуки, се во таа насока. Тоа сега го гледаме. Во светот има највисока инфлација по Втората светска војна. Имаше и зголемување на пензиите. Порано на пензионерите им беа зголемувани пензиите еднократно пред избори. Воведовме методологија“, кажа Ковачевски.