Израелскиот премиер Бенет нема да се кандидира на претстојните избори

Израелскиот премиер Нафтали Бенет најави дека нема да се кандидира на претстојните, петти парламентарни избори во помалку од четири години, со што Израел влезе во уште подлабока политичка несигурноста додека земјата се соочува со раст на животните трошоци и можна обнова на нуклеарниот договор на шесте светски сили со Иран на што се противи.

Бенет изјави дека ќе ја задржи својата позиција како ротациски премиер, откако неговиот коалициски партнер Јаир Лапид ја преземе водството над техничката влада.

„Зад себе оставам успешна, снажна и безбедна земја. Годиниве докажавме дека луѓето со многу различни мислење можат да соработуваат“, изјави Бенет за новинарите, алудирајќи на неговата идеолошки разнолика коалиција.

Бенет измината седмица го распушти Кнесетот (парламентот) откако неговата коалиција ја напуштија повеќе пратеници, поради што веќе не може да се одржи. Конечното гласање за распуштање на парламентот е одложено за подоцна во четвртокот поради големиот број поднесени амандмани, објави израелското јавно радиот Kan.

Кога Кнесетот конечно ќе ги одобри вонредните избори, министерот за надворешни работи Јаир Лапид ќе стане премиер во техничката влада со ограничени овластувања.

Додека пратениците го договараат точниот датум на изборите, на 25-ти октомври или 1-ви ноември, во кампањата веќе доминира можно враќање на поранешниот, најдолговечниот израелски премиер Бенјамин Нетанјхау.

Нетанјаху, кој е лидер на опозицијата, беше одушевен од падот на владата на Бенет која ја опиша како најлошата во историјата на Израел. Се надева дека ќе го освоите својот шести премиерски мандат иако во моментов му се суди поради обвинување за корупција кое тој го негира.

Истражувањата на јавното мнение покажуваат дека неговата десничарска партија Ликуд ужива најголема поддршка, но и покрај поддршката на религиските и националистичките партии, не може да освои апсолутно мнозинство мандати потреби за формирање влада.