На денешната 77 седница на Собранието на Република Македонија, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски обракајќи му се на Талат Џафери кажа дека во последните 5 години Собранието е претворено во машина за гласање на криминалните зделки на Владата, и дека сето тоа е одобрено од Џафери.
!Поминуваат закони во скратени постапки, се повикувате на европски знаменца, дозволувате да поминат одредени работи„, рече Мицевски.
Посчи дека по архивите во Собранието сѐ уште стојат незатворени интерпелации за министри од предходниот мандат кои во меѓувреме смениле по девет советнички места во Владата, а во Собранието сѐ уште не се разгледани.
!Тоа што донесовме закон за службеници не ви дава право да се однесувате на начин како што се однесувавте таа вечер. Ние имаме дисциплински одредби, Собранието има можност тие луѓе да ги санкционира, меѓутоа таквиот начин на однесување ненаиде на извинување од ваша страна, туку повторно беа обвинети сите само тие кои што ја имаат одворноста, не одговараа за тоа. Затоа велам дека не може ако се направени прекршоци да нема извинување„ истакна Мицевски, упатувајќи критики кон Џафери.
Со овие активности што ги превземате, а тоа спречување на опозицијата во дискусии и контрола, со злоупотребата на европското знаменце како вчера и завчера, со злоупотребата на скратените постапки, со злоупотребата на принципите на деловникот вие имате сторено огромна повреда на работењето на Собранието , од таа причина е поднесена интерпелацијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицевски.