Шведска има намера да испрати дополнително противоклопно оружје во Украина

Шведска има намера на Украина да ѝ испорача уште повеќе оружје, вклучително и противоклопно оружје и опрема за чистење мини, соопшти министерството за одбрана во Стокхолм по владината одлука.

Вкупната вредноста на пакетот воена поддршка на Киев во војната против Русија е околу 500 милиони шведски круни.

Шведска, којашто како и соседната Финска, по децениските соработки со НАТО и покрај декларираната воена неутралност кон средината на мај побараа членство во Северноатлантската алијанса, на Украина ѝ испорача разна воена опрема во четири наврати.

Таа опрема вклучуваше илјадници противоклопни фрлачи, лична заштитна опрема, храна, опрема за деминирање, огнено и противбродско оружје. Стокхолм, покрај тоа, на Киев му даде и финансиска помош.