
Францускиот предлог воопшто не стасал до рацете на владините министри, односно за него не се расправало на вечерашна седница на Владата, како што соопштија од владината прес служба и пренесоа медиумите. Туку, премиерот Димитар Ковачевски им кажал на министрите дека предлогот е добар и толку, дознаваме неофицијално од владини извори.
Како поткрепа на оваа информација е фактот дека, според официјалното соопштение од Владата, одржувањето на седницата на која наводно министрите требаа да го разгледуваат францускиот предлог, беше закажана за 20,30 минути, а само 15 минути подоцна Ковачевски одржа прес конференција.