
-Вистинското покачување на струјата кое власта сака да го сокрие е над 18%. Тоа значи ако до вчера едно домаќинство плаќало 4.000 денари, од 1 јули ќе плаќа скоро 5.000 денари. Вистинскиот шок ќе следи во зимскиот период, особено за домаќинставата кои се грејат на струја. А такви има голем број, особено ако се земе во предвид дека власта и самата субвенционираше купување на инвертер клими со цел замена на старите грејни тела на тврди горива.
Па така домќинство кое се грее на грејно тело на струја и кое лани плаќало 13.000 денари месечно за струја, оваа година месечно ќе плаќа и над 28.000 денари.
Парите на граѓаните нема да стигнат буквално ниту за покривање на сметките.
СДСМ и ДУИ ја задолжуваат државата и ги осиромашуваат граѓаните. Премногу е, се вели во партиското соопштение.