Ричарлисон потпиша петгодишен договор со Тотенхем

Досегашниот напаѓач на Евертон, 25-годишниот Бразилец Ричарлисон потпиша петгодишен договор со Тотенхем, објави во петокот клубот од северен Лондон.

Финансиските поединости од договорот не се објавени, но британските медиуми наведуваат дека Тотенхем платил 50 милиони фунти, плус 10 милиони фунти во бонуси.

Ричарлисон во Евертон дојде во 2018 година од Вотфорд за 50 милини фунти. За ливерпулските „Карамели“ одигра 152 натпревара и постигна 53 погодоци. Неговите голови во завршницата на минатата сезона во Премиер лигата беа клучни Евертон да го задржи премиерлигашкиот статус.

Бразилскиот напаѓач е четвртиот играч кој во летниот преоден рок дојде во Тотенхем, по хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ, играчот од средниот рев Ив Бисума и голманот Фрејзер Фостер.