Сабајлево околу 03.10 часот во Велес кај м.в „Штипска петља“ на бензинската пумпа на Макпетрол, две непознати маскирани лица со закана со нож извршиле разбојништво над вработениот, при што одзеле околу 43.000 денари, по што го напуштиле лице местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.