Германскиот министер за економија Роберт Хабек во саботата уверуваше дека првите два привремени терминали за течен природен гас (LNG) во земјата, кои би требало да придонесат да се намали зависноста од руските енергенси, ќе бидат пуштени во функција кон крајот на годинава или на почетокот од 2023 година.
Германската влада во закуп земала четири пловечки терминали за течен природен гас, вели Хабек во разговорот за весникот Sonntag .
„Два брода на располагање ќе бидат уште оваа година, и на преминот од 2022 кон 2023 година ќе бидат поставени во Вилхелмсхафен, крајбрежен град во Северното Море, и Брунсбител на устието на Елба, близу Северното Море.
Русија веќе значително ги намали испораките на гасот преку гасоводот Северен тек 1 за Германија, поради одржување на цевководот и неможноста на германската компанија „Siemens“ од Канада поради антируските санкции од ремонт да ги врати гасните турбини. Истовремено, Берлин според политиките на Европската унија е во потрага на алтернативни извори на енергенси со цел да ја намали зависноста од Русија.
Клаус Милер, шефот на германската агенција Network, којашто го надгледува снабдувањето на енергетските мрежи, изјави дека стравува до целосно запирање на испораките на рускиот гас за Германија, и предупреди дека претстојниот ремонт на гасоводот Северен тек 1 може на крајот да се претвори и во „долготраен политички ремонт“. Поради тоа, Милер ги повика Германците да ја намалат потрошувачката на енергијата.