ФОТО| УХМР предупредува на продолжување на нестабилно време до крајот на денот во Скопската котлина

Од УХМР информираат дека од раните попладневни часови во земјава на повеќе места е нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а имаше и изолирана појава на ситен град. Во моментов нестабилно е и во Скопската Котлина. Правецот на движење на облаците е од север кон југ и југозапад, стои во Фејсбук објавата на Ценатарот за управување со кризи.

Додаваат дека до крајот на денот и понатаму ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Силното невреме кое попладнево беснеше во Скопје направи и материјална штета.  Дрво е паднато во наслебата Капиштец врз автомобил. Невремето го зафати и Чаир, голем дел од улиците се под вода. Според информациите на Скопјеинфо од терен дел од улиците се затворени и недостапни за сообраќај.

Слична е состојбата и во другите населни на Скопје, „Илинденска“ е под вода, а сообраќајот се одвива отежнато. Засега не е познат обемот на штетите, се очекуваат повеќе информации од надлежните институции во следните часови

ФОТО: ТВ21
ФОТО:ТВ21

 

.