Во судир на две патнички возила, едното од Велес и едно од село Раштани, на патот кон гробиштата Раштани кај Велес попладнево околу 13.20 минути повредени се 57 годишен маж и 27 годишна девојка. Двете лица се со повреди на градниот кош, информира за МИА д-р Лидија Проданова од Итната медицинска помош.
На местото на сообраќајката Итната медицинска помош стигнала во 13.30 часот и по укажаната прва помош повредените се пренесени во велешката болница.
На местото на настанот СВР Велес врши увид за сообраќајна несреќа и утврдување на причините за истата.