Македонските ракометaри ќе играат во полуфиналето на Медитеранските игри

Машката ракометна репрезентација на Македонија обезбеди учествво во полуфиналните пресметки на Медитеранските игри во Алжир.

По убедливиот триумф на Шпанија над Алжир со 31:19, стана јасно дека домаќинот нема шанси да напредува од третото место во групата. Така, Македонија со две победи, едно реми и еден пораз, како и со подобра гол-разлика од Алжир, го освои второто место со пет бода и се пласира во полуфиналето.

Ривал на нашата селекција ќе биде Египет, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанија и Србија.

Мечот меѓу Македонија и Египет ќе се игра на 4-ти јули од 14 часот.