Таеквондистот Георгиевски во полуфинале на Медитеранските игри

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски се пласира во полуфиналето на Медитерански игри во Алжир.

Медалистот од последната Олимпијада, денес во четвртфиналната борба на Игрите во Оран, во категоријата +80 кг помеѓу го победи Ахмад Мохамад од Египет со 20:18.

Македонецот против себе имаше одличен противник кој по две рунди имаше водство (14:12). Георгиевски во последната рунда влезе самоуверено и одлучно да стигне до победата и успеа во својата намера.

Претходно во текот на денот, македонската таеквондистка Сања Поповска загуби од Ашракат Дарвиш (Египет) во категоријата -57 кг. во 1/16финалето.