Фатен на радар со 205 км/ч, казнети 144 возачи за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје – Велес

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи.

Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.