Физички напади врз жени во Скопје и Битола

 

На 03.07.2022 во 10.20 часот во СВР Битола, В.М.(37) од Битола пријавила дека на 02.07.2022 околу 21.30 часот на ул.„Минела Бабуковски“, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од К.П.(24) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.07.2022 во 17.42 часот во Полициската станица Аеродром, В.В.(48) од Скопје пријавила дека во 17.00 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од нејзиниот сосед З.В.(46) од Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.