ФОТО| Уште еден ден масовни протести „Ултиматум – не благодарам“

Во понеделникот, трет ден со ред, десетици илјадници граѓани се собраа на протест пред Владата, на кој македонскиот народ масовно излегува и со македонски знамиња и пароли јасно порача: „НЕ за бугаризација“.

Голем број граѓани и вчера присуствуваа на сенародниот протест кој одржува под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.

Во неделата вечерта, иако официјално вчерашниот протест против францускиот предлог заврши, голем број граѓани останаа пред Владата поставија и шатори во континуиран протест.