
Заедно сме, не се плашете. Сакаме заедно со вас да ја спасиме државата, им порачаа вечерва демонстрантите на полициските службеници кои ја опколија зградата на Владата.
Професорката Дарија Андоновска остави белег на еден од полициските штитови. Претходно граѓаните им дадоа цвеќе.