
Американската полиција го идентификувала вооружениот маж кој уби најмалку шест лица и ранил повеќе десетици во понеделникот во поворката од парадата по повод Денот на независноста 4-ти јули во Хајленд Пар, предградие на Чикаго, и трага по 22-годишниот Роберт Е. Кримо, кого го смета вооружен и опасен.
Претходно беше објавено дека полицијата објави дека трага по млад маж на возраст меѓу 18 и 20 години, кој е осомничен за пукањето. Осомничениот е опишан како бел маж, на возраст од околу 18/20 години, со долга црна кога, со слаба градба во бела или сина маица. Полицијата, исто така, соопшти дека го пронашла оружјето – пушка, што го користел напаѓачот, но и натаму смета дека осомничениот е „вооружен и многу опасен“.
Вооружениот напаѓач пукал од покрив на една зграда во близина на контролен пункт по маршрутата на поворката, претворајќи го традиционалното граѓански изразува на патриотизам во хаос и паника. Најмалку 25 лица на возраст од 8 до 85 години се погодени во пукањето, според болнички извори.
Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил „се шокирани од бесчувствителното оружено насилство коешто повторно донесе тага во американската заедница на Денот на заедницата“, објави Белата куќа.
„Понудив целосна поддршка од сојузната влада и ја повикав сојузната полицијата да помогне во итната потрага по убиецот“, изјави Бајден.
В својата изјава се осврна на реформата на законодавството поврзана со оружјето која неодамна ја потпиша, велејќи дека има уште многу нешта треба да се сторат и додадат дека нема да се откаже од борбата против епидемијата на вооруженото насилство.
Пукањето се случи во периодот кога многу Американци сѐ уште се силно вознемирени од порастот на вооруженото насилство, особено по масакрот од 24-ти мај во кој беа убиени 19 деца од рана училишна возраст и две наставнички во основно училиште во Увалде во Тексас и нападот од 14-ти мај во кој во супермаркет во Бафало во државата Њујорк беа убиени 10 луѓе.