
Времето во вторникот во Македонија претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме.
Минималната температура е во интервалот од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот.