Поединости за нападот во Чикаго, осомничениот имал насилни објави

Објавите на социјалните мрежи на профилите за кои се чини дека се поврзани со осомничениот напаѓач врз публиката на парадата по повод американскиот Ден на независноста 4-ти јули во чикашкото предградие Хајленд Парк, Роберт И. Крим или според неговиот раперски прекар Awake The Rapper често прикажувале насилни слики или пораки, пренесува агенцијата Reuters.

Дваесет идвегодишниот Крим се сомничи дека отворил оган од покривот на деловна зграда врз семејствата кои мавтале со знамиња и децата кои возеле велосипеди на парадата по повод американскиот национален празник во понеделникот претпладнето по локално време, кога се убиени шест луѓе и ранувајќи повеќе од 36 лица.

На покривот се качил преки скалила кои ги нашол во еден премин. Како што се дознало откако бил уапсен по повеќечасовната потера во текот на која ѝ се предал на полицијата.

Агенцијата Reuters пишува дека објавите на социјалните мрежи прикажувале човек со физички карактеристики и тетоважи на лицето слични на фотографиите на осомничениот кои ги објави полицијата.

Телевизијата CCN пренесува дека осомничениот напаѓач објавил на интернет аудио видеозаписи, коишто наводно ги направил, а кои содржеле злокобни текстови и анимирани сцени од вооружено насилство.

Едното видео прикажувало цртана анимација на стрелец кој потсетува на приказот Крим во тактичка воена опрема како изведува напад со пушка. Во друго видео, сличен цртан лик во форма на стап кој наликувал на Крим е прикажан како лежи со лицето свртено кон подот во локва сопствена крв опкружен со полицајци со вперено оружје.

Профилите на Facebook и на Twitter, за коишто се верува дека му припаѓаат на Крим, се отстранети откако властите го назначија како „лице од интерес“. Полицијата објави дека во текот на денот биле обработено „значително количество дигитални докази кои им помогнале на иследниците“ да го идентификуваат Крим како осомничен.

Вујкото на осомничениот изјавил за CNN дека не видел предупредувачки знаци кои би го навеле да поверува дека неговиот внук бил вмешан во таква трагедија.

„Срцето ми е скршено. Многу сум скршен“, изјавил Пол Еј. Кримо, изразувајќи жалење на семејствата на жртвите и додавајќи дека во понеделникот одговарал на прашањата на полицијата за својот внук.

Осомничениот живее во стан зад куќата на неговиот татко, рекол Пол, додавајќи дека последен пат го видел својот внук во неделата вечерта како гледа во својот компјутер и не се однесувал невообичаено.