Гинисов рекорд: 86-годишна жена веќе 65 години работи како стјуардеса

Осумдесет ишестгодишна жена од Бостон го собори рекордот како стјуардеса со најдолг работен стаж на светот, потврди организацијата Guinness World Record, пренесуваат локалните американски медиуми.

Бет Неш започнала да работи како стјуардеса во 1957 година за воздухопловната компанија „Eastern Airlines“ и продолжува да работи до денес да работи за компанијата „American Airlines“ без никакви прекини во работниот однос, потврдиле на 1-ви јули од Гинис.

Неш изјавила дека поголемиот дел од професионалната кариера го минала на релацијата Њујорк – Бостон – Вашингтон, бидејќи тоа ѝ овозможувало навечер да се врати дома и да се грижи за својот син инвалид.

Во објавата на Гинис се наведува и дека Неш во моментов е најстарата стјуардеса на светот.

Славејќи ја 60-годишнината од работата во компанијата ви 2017 година, Неш изјавила дека работаа со година значително се променила.

„Мораше да имаш одредена височина, мораше да имаш одредена тежина. Некогаш беше ужасно. Ќе се здебелиш неколку килограми и мораш да продолжиш да се мериш, а ако останеш таква, ти задржуваа од платата“, изјавила тогаш Неш за локалниот телевизиски канал WJLA-TV.