Прво претколо на ЛШ: Шкупи убедлив против Линколн Ред Импс

Фудбалерите на македонскиот првак Шкупи во вторникот вечерта беа убедливи во првиот меч од првото претколо од Лигата на шампионите и на градскиот стадион во Скопје со 3:0 го совладаа тимот на Линколн Ред Импс од Гибралтар.

Во 11 минута Шкупи поведе со голот на Сенегалецот Мамаду Данфа, додека во 28 минута водството го удвои Нигериецот Сундаи Адетуњи, а во 62 минута конечниот резултат со автогол го постави гостинскиот бек Скот Вајсмен. Речиси целото второ полувреме Шкупи го одигра со играч помалку, откако во 54 минута беше исклучен Гаги Маргвелашвили.

Победникот од овој двомеч во второто претколо на Лигата на шампионите ќе игра против хрватскиот првак, загрепски Динамо. На 19-ти јули Динамо ќе биде домаќин во првиот меч, а реваншот ќе се игра една седмица подоцна.

 

Лига на шампионите, прво претколо први натпревари

Пјуник (Ерменија) – Клуж (Романија) 0:0

Малме (Шведска) – Викингур Рејкјавик 3:2 (Олсон 16, Тоивонен 42, Бирманчевиќ 84/ Ингасон 38, Гудјонсон 90+3)

Лудогорец (Бугарија) – Сутјеска Никшиќ (Црна Гора) 2:0 (Сантана74, Тисера 90+1)

Балкани (Косово) – Жалгирис (Литванија) 1:1 (Грипши 15/ Буф 25)

Њу Сејнтс (Велс) – Линфилд (Северна Ирска) 1:0 (Броббел 57)

Лех Плзнене (Полска) – Карабаг (Азербејџан) 1:0 (Ишак 41)

Шамрок Роверс (Ирска) – Хибернианс (Малта) 3:0 (Фин 25, Вотс 40, Гафни 78)

Шкупи (Макеедонија) – Линколн Ред Импс (Гибралтар) 3:;0 (Данфа 11, Адетуњи 28, Вајсман 62-аг)