![ibrahimovic-a-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/ibrahimovic-a-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се договорил за нов едногодишен договор со Милан, објави „Сакј спорт Италија“.
Четириесетгодишниот Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор во следните неколку дена и ќе ја намали својата плата на околу еден милион фунти годишно плус бонуси.
Ветеранот моментално закрепнува од операцијата на левото колено и најверојатно нема да може да излезе на теренот во календарската 2022 година.
Ибрахимовиќ минатата сезона забележа 27 настапи за Милан во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и три асистенции.