Сити го победи Ливерпул

Манчестер Сити славеше во дерби пресметката против Ливерпул, прв пораз за Црвените во 2014 година.

Тимот на Пелегрини одигра подобро, ги искористи своите шанси и на крајот заслужено се радуваше на втората победа оваа сезона во Премиер лигата.

Немаше многу фудбал до 41. минута кога Јоветиќ постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.

По десет минути игра во второто полувреме, фантастична акција на Манчестер Сити и нов гол на Стеван Јоветиќ.

Во 69. минута по асистенција од Навас, Агуеро во својот прв допир со топката погоди за убедлива предност од 3-1.

Со автогол на Забалета во 83. минута Ливерпул намали на 3-1, а само минута подоцна Ламберт пропушти убава можност да го направи натпреварот поинтересен.

На крајот домаќинот заслужено се радуваше на трите бода.