
Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид го договорија трансферот на Анхел Ди Марија, Црвените Ѓаволи ќе платат рекордни за Премиер лигата 59,7 милиони фунти.
Аргентинскиот фудбалер синоќа пристигнал во Манчестер каде што денеска ќе треба да ги помине медицинските тестови и да потпише договор со Јунајтед.
На Луис ван Гал очајно му се потребни засилувања во тимот по лошиот старт на сезоната со само еден освоен бод во првите две кола.
Некои шпекулации велат дека откако ќе го комплетираат трансферот на Ди Марија, Манчестер Јунајтед ќе тргне по Артуро Видал.