Северина Вучковиќ заработува многу, но таа често останува без пари бидејќи не знае како да располага со нив.
За тоа говори и фактот што на поранешниот свекор Драган Којиќ – Кеба му должи 70.000 евра.
Короната е виновна
За време на пандемијата на коронавирус, пејачката поголемиот дел од времето го поминувала во семејната куќа на нејзиниот сопруг Игор Којиќ, а бидејќи не настапувала поради тогашните мерки кои биле на сила, парите што ги имала заштедено, многу брзо ги потрошила. Кога си ја испразни сметката, отишла кај свекорот Драган и му побарала позајмица, која и ја дал истиот ден, открива добро упатен извор близок до пејачката.
Тој “крена раце“
-Во меѓувреме беше уапсена поради прекршување на полицискиот час, а Кеба и ја плати и казната. Набргу потоа таа и Игор раскинале, а таа си ги спакувала работите и се вратила во Хрватска. Она што ги изненади сите е тоа што таа никогаш не се јави да ги врати парите. Кеба решил да и ги прости малите долгови, но во еден момент и се јавил за овој долг од 70.000 евра. Таа му рекла: „Сега немам“, а следниот пат не одговорила и тој се откажал од тоа, раскажува соговорникот.
Северина во оваа прилика не се огласи, ниту пак одговараше на пораки.