
Бугарското МНР има подгоптвено и објавено извештај за преговорите со Македонија во однос на францускиот предлог за нашата земја.
Во него, како и досега, македонските граѓани наместо од својата Влада, добиваат информации кои не ги знаат, од бугарска страна.
Во точката 4 од овој извештај се наведува:
„Актуелната влада на С. Македонија има стратешки интерес да започне преговори за членство со ЕУ и е подготвена на отстапки, дури и е подготвена политички да ги оправда пред своите избирачи.”
Овој бугарски извештај, всушност, само ги потврди сомнежите кај македонскиот народ дека челниците во Владата на Македонија предлого време молчеа и дека даваа впечаток дека нешто кријат.
Дома, се во обид да го убедат народот дека ги штитат интересите на државата, а во Бугарија најавуваат отстапки кои потоа се свесни дека треба да им ги правдаат на гласачите кои ги манипулираат во моментов.
Целиот извештај прочитајте го НА ОВОЈ ЛИНК