Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се нови 297 случаи на КОВИД-19, а две лица ја изгубија битката со вирусот.
Од вкупниот број на позитивни (297), регистрирани се 69 реинфекции.
Регистрирани сe 180 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Охрид – 21, Велес – 10, Штип – 9, Струга – 8, Битола – 7, Прилеп и Кочани – по 6, Тетово – 3, Гостивар – 2, Куманово, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Неготино, Делчево и Дебар – по 1
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (80г и 71г), едното лице е починато во болнички услови ,а другото лице во домашни услови.Лицата се починати на ден 29.06.2022 и 30.06.2022.
Направени се 1.113 тестови преку: ИЈЗ-133, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-19, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-34, Биотек-43, Систина-33, лабораторија Лаор-11, Синлаб-4, Ремедика-6, Плодност-3, Генеа-7, Никоб Лаб-33, ВФВ Медикал-5, Ели МедикаПлус-7, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 509.
Досега во земјата се направени вкупно 2.088.834 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.699, бројот на оздравени пациенти е 304.777, на починати е 9.331, а бројот на активни случаи изнесува 1.591