Денес во рамките на сенародните протести „Ултиматум, НЕ благодарам“ на блокадата на патниот правец од Штип кон Велес, изјава за медиумите даде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Тој им се заблагодари на граѓаните за масовното учество на протестите каде што мирно и достоинствено кажуваат НЕ на обидот за асимилација на македонскиот народ.
-Овде нема партии, овде нема поделености. Овде има само еден македонски народ кој што се бори за своите правдини. Со овој предлог сакаат да се направи една асимилација, едно непочитување кон македонскиот народ. Ние сме тука сите заедно да кажеме НЕ, НЕ и НЕ – рече Мисајловски.
Мисајловски истакна дека народот е против асимилацијата која се најавува преку промената на учебниците, на историјата и директното загрозување на идентитетот. Тој потенцираше дека власта води нетранспарентен процес во кој Собранието треба да биде само една парада.
-Но, сакам да порачам дека Парламентот не одлучува во овој момент апсолутно ништо. Ова е една парада, еден театар за да направат чек листа од владата дека навидум има некакви консултации во Собранието- истакна Мисајловски.
Собранието нема никаква улога бидејќи ова е меѓувладина конференција. Тоа значи дека ќе се случи помеѓу владите. Затоа нека престанат со манипулации, нека престанат со лаги и на крајот од денот ова е македонски народ, треба да го види тој протокол што го кријат. Вие медиумите го немате протоколот, никој не знае што се преговара. И затоа Македонецот но и сите граѓани сакаме Македонија да биде стабилна, развиена земја, но никој да не не понижува, потенцираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Владо Мисајловски.