
Во изминатите шест месеци од оваа година, полициските службеници на СВР Битола привеле 31 лицe кои со судски наредби се барале за издржување и доиздржување на затворски казни на подрачјето на СВР Битола.
Најголемиот број од нив биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Битола“, а биле осудени на затворски казни за имотни деликти, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори и за други кривични дела.