Уште 30 дена притвор му се одредени на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, меѓутоа, според тоа што може да се прочита во решението од Апелациониот суд, Обвинителството може да ја прошири истрагата за осомничениот високопозициониран функционер на владејачкта СДСМ.
Во Решението се цитира образложението на Обвинителството за органииран криминал кое барало продолжување на притворот поради опасност од бегство и влијание врз истрагата, објави Телма.
„Во предлогот се наведува дека во досегашната фаза на истражната постапка од страна на обвинителството се преземени и други истражни дејствија, при што при обезбедувањето докази е пронајдена писмена документација која укажува дека осомничениот М. З. сторил уште едно кривчно дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за сличен кривично-правен настан, поради што ќе биде потребно истрагата да се прошири и за тој кривично-правен настан, како и ќе биде потребно осомниченот да биде повикан со цел негово сослушување за новите околности“, стои во одлуката на Апелациониот суд кој го цитира барањето на обвинителството.