ВИДЕО| Пендаровски ги советува политички партии кои се против францускиот предлог

Претседателот Стево Пендаровски од студиото на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ даде совет за сите оние политички партии кои се против ткн „францускиот предлог“, односно

„Мој совет како граѓанин до сите политички партии кои се против францускиот предлог, да земат во предвид што ќе биде подобро за државата, бидејќи ако мислиш само на следни избори, ти можеш да добиеш позиција утре, не на лево на десно, и обратно. Ама повторно ќе се вратиме на прашањето што е планот потоа. На следни избори владата ќе падне, со новото мнозинство што правиме со ЕУ? Сега ти си власт, јас опозиција, дали ќе ме викнеш? Јас се сомневам“, рече Пендаровски.

Шефот на државата притоа направи споредба со минатото и критичните моменти од националната историја во контекстот на предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската унија

„Низ историјата, не сме познати со народ кој знае кој се соочува со критични кртосници од својата стварност, не сме се собрале и да кажеме дека знаеме да го одбереме патот“, додаде Пендаровски.