Американскиот претседател Џо Бајден во седиштето на Централната разузнавачка агенција (CIA) во петокот по американско време им се заблагодари на нејзините службеници затоа што го „предупредиле светот“ на плановите на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина и го поздрави тоа што тој го нарече „тивка храброст на американските шпиони“.
На одбележувањето на 75-годишнината од основањето на CIA, Бајден рече дека бил вклучен во оваа разузнавачка агенција цели 52 од тие години, прво како помлад сенатор во комитетот основан 1975 година за истражување на експериментите со контрола на умот и другите злоупотреби од страна на оваа агенција.
За разузнавачките податоци коишто ги собирала CIA истакна дека „ги разоткрија плановите на Путин“ и му овозможиле на Вашингтон „да ги предупреди другите земји на војната“ во Украина.
Притоа Бајден не се осврна на медиумските шпекулации дека САД примиле пораки од Москва за претстојната, како што таа ја нарекува „специјалната воена операција“, ниту за отфрлањето на претстојната војна од страна на украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Благодарејќи на неверојатната работа на нашите разузнавачки професионалци, успеавме однапред да ги предупредиме светот што Владимир Путин планира во Украина. Разоткривањето на игрите на Путин продупчи огромна дупка во претворањето и ги дискредитираше неговите лаги за тоа што правевме (САД) во Украина“, реле Бајден.
Веројатно Бајден мислеше на тоа што до пред офанзивата од 24-ти февруари, кога Русија имаше распоредено до 100.000 свои војници на границата со Украина, кога Путин повеќепати го обвини Западот, во прв ред САД и Велика Британија дека прават сценарио кое ќе ја предизвика Русија во војна. Подоцна, Москва објави дека имала информации а дошла и до документи во текот на борбите во Украина кои укажувале дека Киев, во соработка и подготовка од Западот, планирал на 8-ми март офанзива врз отцепениот проруски регион Донбас и воено разрешување на украинската граѓанска војна по превратот во 2014 година.
Говорот на Бајден се разликува од првиот говор во CIA пред пет години на неговиот републикански претходник Доналд Трамп кој ги критикуваше мејнстрим медиумите под контрола на неговиот неолиберални противници пред „ѕидот на ѕвездите“ кој ги одбележува десетиците шпиони и агенти на Cia кои загинале на должност.
Бајден забележа и дека годинава а ѕидот се додаден две ѕвезди.
„Вашето телесно здравје и благосостојба се од клучна важност за мене и за вашето водство тука во CIA“, рече Бајден.