Пронајдена последната жртва од уривањето на глечерот во Италија

Un elicottero sorvola la zona della valanga per cercare le persone ancora disperse sul ghiacciaio della Marmolada a Canazei, 04 luglio 2022. ANSA/ANDREA SOLERO

Спасувачите кои работат на местото на уривањето на ледникот кој повлече лавина од снег и карпи во италијанските Доломити, ги пронашле останките на последната 11-та жртва на несреќата, објави во саботата локалниот весник Il Gazzettino.

Во саботата, во текот на операцијата на потрага во планинскиот венец Мармолада, на границата меѓу автономната провинција Тренто и регионот Венето, продолжила со користење дронови и тимови на теренот.

Според новинската агенција Askanews, идентитетот на последната жртва бил утврден благодарени на ДНК анализа. Така, според официјалните податоци, вкупно девет Италијанци и двајца туристи од Чешка се жртвите на оваа природна катастрофа.

Началникот на горската служба за спасување, Џампјетро Лаго, како што пренесува агенцијата ANSA на прес-конференцијата одржана во местото Каназеи рекол дека „нема елементи да се смета дека има уште смртно настрадани“ и оти се „потврдени 11 жртви“.

Додал дека останките на загинатите ќе бидат предадени откако ќе заврши истрагата, и прецизирал дека во денешната потрага „се пронајдени и други останки и технички материјали кои со голема веројатно може да се припишат на 11-те потврдени смртни случаи“.

Уривањето на ледникот во планинскиот масив Мармолада предизвика, лавина од снег, мраз и карпи, која ја прекрила падината на планината по којашто групата од дваесеттина туристи се искачувала кон истоимениот врв на височина од 3.330 метри кој е највисокиот на Доломити, во источните италијански Алпи.

Лавината којашто достигнала брзина од 300 километри на час, за миг минала растојание од 500 метри. Како што опиша шефот на регионот Венето, Лига Ѕаја, од планината се симнал „облакодер од мраз“, чијашто големина е споредлива со две фудбалски игралишта.

Причината за трагедијата, како што соопштија претходно италијанските власти, биле абнормалните временски услови за овој период од годината. Имено, ден пред несреќата во регионот на Мармолада била забележана невообичаена висока температура од плус 10 Целзиусови степени. Голем дел од Италија е зафатен од топлотен бран, а некои научници велат дека климатските промени со растот на температурите ги направиле порано стабилните ледници многу непредвидливи.

Мармолада, или како што е наречена „Кралицата на Доломитите“, е назив за групата врвови во североисточна Италија, со највисокиот врв Пуната Пенија со 3.343 метри. Ја сочинува гребенот кои се пружа од запад кон исток, со неколку врвови повисоки од 3.000 метри: Пунта Рока – 3.309, Пунта Омбрета – 3.247, Монте Сераута – 3.069 Пиѕо Сераута – 3.035 метри. Северниот дел од Мармолада е прекриен со мраз, додека јужната страна е обрабена со вертикални карпи, и претставува алпинистички рај со правци од највисок степен на тежина.