На 08.07.2022 во 04.45 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром“ Скопје од полициски службеници е приведена Ф.Љ.(27) од Данска, која агресивно се однесувала и физички нападналa полициски службеници кои вршеле службени дејства.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Петровец за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.