Канада ги враќа турбините за Северен тек 1

Канада ќе го одобри укинувањето на антируските санкции на враќањето на поправените руски турбини од гасоводот Северен тек 1 на Германија, коишто се неопходни за одржување на гасоводот, најави канадското министерство за природни ресурси.

Рускиот гасен гигант „Газпром“ во јуни остро ги намали испораките на гас преку гасоводот Северен тек 1 за 60 отсто, бидејќи доцнењето на неопходната опрема за нормални целосно функционирање којашто германски „Siemens“ ја испратил на ремонт во своите погони „Siemens Energy“ крај Монтреал во Канада.

Меѓутоа, владата во Отава го блокираше враќањето на гасната турбина, повикувајќи се дека „Газпром“ го ставила под своите санкции поради војната во Украина. Берлин од тогаш преговара со Канада за разрешување на овој проблем, кој почна да нанесува големи загуби на германското стопанство.

Сега, канадската влада, којашто ја издава дозволата за изземање од своите санкции за Русија за враќање на турбините, порача дека овој потег ќе ја поддржи „способноста на Европа да пристапи до сигурна и пристапна енергија, додека продолжуваа преминувањата од руските нафта и гасот“.

Канадското министерство додава дека „во недостиг од потребното снабдување со природен гас, германското стопанство ќе претрпи значителни тешкотии, а самите Германци ќе бидат во опасност да не можат да ги греат своите домови со приближувањето на зимата“.

Германската влада во петокот потврди дека примила позитивен сигнал од Канада во врска со турбините потребни за одржување на Северен тек 1. Турбините прво ќе бидат испратени во Германија, на „Siemens“ кој со договор е задолжен за нивно одржување , кој потоа ќе му ги врати на „Газпром“.

Москва потврди во петокот дека доколку турбините бидат вратени, испораките на гасот во Европа ќе бидат зголемени во согласност со договорите. Киев, пак, се спротистави Отава да овозможи турбините да бидат вратени на „Газпром“, и критикуваше дека со тој потез „ќе бидат изиграни“ антируските санкции.

Отава, исто така, најави дека ќе ги прошири своите санкции против рускиот енергетски сектор врз индустриското производство, но нема процени колку тие ќе имаат стварно влијание. Новите канадски санкции „ќе се применуваат на копнениот и цевководниот транспорт и производството на метали и транспортот, компјутерските, електроничките и електрични опреми, како и машини“.