Продолжува потрагата по двајцата Македонци на Халкидики

Потрагата по двајцата македонски државјани кои вчера биле однесени од морските струи на плажата Мити на првиот крак Касандра на Халидики продолжува и денес.

Крајбрежната стража беше алармирана вчера попладне околу 18 часот дека три лица влегле во морето и се изгубиле од видно поле.

Силните струи во областа ги одвлечкале. Едното момче на восраст од 25 години беше спасено. Според информациите од грчите медиуми бил повлечен од сурфер.

И утрово се трага по двајцата исчезнати. Во потрагата покрај бродови на грчката крајбрежна страќа, вклучен е и хеликоптер на Армијата и рибарски бродови.

Тројцата пријатели вчера правеле прослава во Посиди, па решиле да влезат во морето, по што биле однесени од силната струја.