
Искусниот англиски фудбалер Стивен Џерард, изјави дека капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, би требало да го предводи и националниот состав на Гордиот Албион.
Џерард беше капитен на Англичаните на Светското фудбалско првенство во Бразил, се пензионираше од репрезентацијата и го пофали Руни, дека е одличен предводник.
Селекторот на Англија, Рој Хоџсон би требало да му ја довери честа на Руни, кој го заслужи тоа од Луи ван Гал во Манчестер Јунајтед.
„Вејн е одличен предводник. Заедно со тоа е врвен фудбалер, кого сите го фалат, а посветен е на дуелите за татковината и одговорноста ќе го направи подобар“, вели Стиви Џи.
„Тој е меѓу најгласните во соблекувалната. Ќе работи со помладите ако е потребно. Заедно бевме во репрезентацијата, го заслужи местото капитен“, додава искусниот Џерард.
Конкурент на Руни би можел да му биде Френк Лампард, ако е во националниот состав, а помладиот фудбалер досега го предводеше тимот на дуел со Бразил, како и во квалификациите за Мундијалот против Сан Марино.