
Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша декрет за распуштање на Парламентот, што отвори пат за одржување на предвремени избори во Украина. Изборите треба да се одржат во октомври.
„Одлучив предвреме да го распуштам парламентот“, напишал Порошенко на социјалната мрежа Твитер.
Истовремено на Твитер се огласил и неговиот портпарол Свјатослав Чехолко со објава дека предвремените избори ќе бидат одржани на 26 октомври.
Одлуката е донесена во екот на борбите меѓу проруските и украинските сили на истокот на земјата. Според статистиката на Обединетите Нации, во борбите досега загинале провеќе од 2.000 цивили.
Распуштање на Парламентиот и предвремените избори се последица на распаѓањето на владејачката коалиција на 24 јули.