![везув](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/vezuv.jpg?resize=675%2C900&ssl=1)
Американски турист (23) од Балтимор преживеал пад во кратерот Везув откако се обидел да се фотографира.
Како што изјавија од полицијата во Неапол за локалните медиуми, еден турист заедно со неговото семејство стигнал до врвот на Везув во текот на викендот по забранета патека, а кога стигнале до врвот на вулканот, човек по име Филип Керол посегнал по својот телефон за да направи селфи на врвот на вулканот висок 1.218 метри.
Кога телефонот му паднал во кратерот, Филип се свртел и паднал.
„Утринава, од причини кои допрва треба да се утврдат, турист заедно со семејството тргна по забранета патека, стигна до работ на кратерот и падна во Везув“, изјави Џенаро Ламета, владин претставник.
Паоло Капели рече дека тим водичи од другата страна на кратерот користеле двогледи за да видат дека Керол навистина „се лизнал во кратерот и бил во сериозна неволја“.
„Четворица водичи веднаш тргнаа и кога пристигнаа на местото на настанот, еден од нив се нурна 15 метри за да го спаси туристот во неволја“, рече Капели.
Тој исто така истакна дека Керол можел да падне од височина од 300 метри во кратерот.
На фотографијата објавена од Ламета на социјалните мрежи се гледа маж со модринки на нозете, рацете и грбот, како и крвави гребаници на лактите.
Ламета напишал дека човекот бил во несвест кога го пронашле водичите. Полицијата изјави за Си-Ен-Ен дека на туристот му е пружена помош, но дека одбил да оди во болница.
Речиси два милениума по смртоносната ерупција во 79 година од нашата ера, која ги остави градовите Помпеја, Оплонтис и Стабија покриени со пепел, планината Везув останува една од најпопуларните туристички атракции во земјата.
Везув е технички сè уште активен вулкан. Највисоката точка на вулканот е околу 1.277 метри со кратер длабок 304 метри.