Крузер со повеќе од 100 заразени со Ковид-19, се закотви во Сиднеј

Крузерот Coral Princess со повеќе од 100 луѓе позитивни на коронавирус, се закотви во Сиднеј. Откако го напушти градот Еден на јужниот брег на Нов Јужен Велс со повеќе од 2.300 луѓе на бродот, крузерот се закотви на пристаништето Циркулар Кеј денеска непосредно пред зори, каде ќе остане еден ден, пред да се врати во родното пристаниште Бризбејн. Од патниците ќе се бара да имаат негативен брз антигенски тест пред симнувањето, но екипажот на бродот ќе остане. На бродот за крстарење најмногу се заразени членовите на екипажот, а 114 лица се во изолација, јави Танјуг.

-Четворица патници беа во изолација откако беа позитивни на тестот, а 24 од нив се симнаа претходно во Бризбејн, рече главниот здравствен директор на Квинсленд, Џон Џерард. Одделот за здравство на Нов Јужен Велс соопшти дека патниците најверојатно се заразиле со коронавирус пред да се качат на бродот.

Портпаролот на бродот за крстарење Coral Princess изјави дека екипажот кој бил позитивен на вирусот имал благи симптоми или биле асимптоматски случаи. Според последниот биланс, Австралија има регистрирано 41.336 случаи на коронавирус и 58 смртни случаи, пишува Гардијан.