Кина објави дека нејзината војска го „избркала“ американскиот разурнувач „Бенфолд“ бидејќи илегално влегол во кинеските територијални води, во близина на островите Парацел, во Јужното Кинеско Море.
Американските бродови често вршат „слободниа навигациски операции“ во Јужното Кинеско Море, пркосејќи им на кинеските забрани.
Според Ројтерс, Пекинг го обвинува Вашингтон дека намерно предизвикува тензии во регионот.
Кинеската војска соопшти дека Бенфолд сериозно го нарушил суверенитетот и безбедноста на Кина со навлегувањето во територијалните води околу островите Парацел, поради што биле распоредени бродови и авиони за да го „следат, предупредуваат и одбијат“ американскиот разурнувач.
Виетнам и Тајван, исто така, тврдат дека островите Парацел се нивна територија.
Вашингтон одговори дека САД го штитат правото на секоја земја да лета, плови и оперира секаде каде што дозволува меѓународното право и дека Кина нема да ги одврати од тоа.
Пекинг ја презеде контролата врз Парацелските острови во 1974 година, од тогашната јужно-виетнамска влада.