Украина вчера ги зголеми надежите за зголемување на извозот на жито и покрај руската блокада на пристаништата на Црното Море, велејќи дека бродовите почнале да минуваат низ вливот на Дунав.
– Во последните четири дена низ вливот на устието на Бистра поминаа 16 бродови – вели во соопштението на министерот за инфраструктура Јуриј Васков.
Министерството објави дека 16 бродови сега чекаат да натоварат украинско жито за извоз на странските пазари, додека повеќе од 90 бродови го чекаат својот ред во романскиот канал Сулина.
– Капацитетот на рутата Сулина е само четири брода дневно, додека потребно е да минуваат осум дневно – рече тој.
Украина преговара со романските колеги и претставници на Европската комисија за зголемување на трансферите, додаде тој.
Доколку тоа се постигне и со отворањето на Бистра, Украина очекува во рок од седум дена да се реши овој сообраќаен метеж и да се зголеми месечниот извоз на жито за 500.000 тони.
Пред руската инвазија, соопшти Министерството, околу 80 отсто од земјоделските производи се извезувале преку поморските пристаништа, но извозот на храна сега е ограничен на пристаништата на Дунав, железницата и патиштата на запад.