Ван Гал: Фудбалерите ќе треба да се потрудат за да ја освојат титулата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал, изјави дека фудбалерите на клубот ќе треба да се потрудат за да ја освојат титулата во Премиер лигата.

Јунајтед е меѓу фаворитите за насловот, како и да е, тоа ќе треба да го заслужи на теренот.

„За титулата ќе треба да се потрудиме, како и да е може да славиме и тоа ќе биде одлично. На сопствениците им ветив успех, затоа и ја прифатив оваа понуда. Ќе се потрудиме да ги израдуваме фановите на клубот“, вели холандскиот фудбалски стручњак.

Јунајтед досега издвои 80 милиони фунти за фудбалери, ги ангажира Лук Шо, Андер Ерера и Маркос Рохо. На „Олд Трафорд“ ќе се обиде да го доведе и Анхел Ди Марија од Реал Мадрид, како и Холанѓаните Најџел де Јонг и Дели Блинд.

На фановите им порача да бидат трпеливи со изданијата на омилениот фудбалски клуб.

„За да се радувеме потребно е да сме заедно. Сум освојувал шампионски титули, можеме и со Јунајтед, ако го подобриме тимот во одбранбениот ред“, заклучи ван Гал.