
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес конференцијата по средбата со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека ѝ покажал слики од убиствата на младите во Ваташа, на херојот Вера Циривири Трена и од депортацијата на Евреите, направени од бугарскиот фашистички окупатор.
„Да прифатиме ли сега дека се администратори?! ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи Уставни промени!, рече тој и додаде дека: „Дилемата што ја има ВМРО-ДПМНЕ, македонската јавност и граѓаните е следна: во членот 11, во документот „заеднички став на ЕУ“, јасно стои дека Македонија нема да ги почне преговорите сѐ додека не биде променет Уставот. Дали е тоа точно или не, оставам експертската јавност, но и на луѓето кои се занимаваат со оваа проблематика, да дадат одговор“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека, ако практично ако помине ова кое што го промовира Владата на СДСМ и ДУИ ќе има меѓувладина конференција, а дилемата на ВМРО-ДПМНЕ, македонската јавност и граѓаните е следна: Во членот 11 од документот наречен EU Common Position или заеднички став на ЕУ јасно стои дека Македонија нема да ги почне преговорите се додека не биде променет Уставот.
„Дали е тоа точно или не е точно, оставам јавноста експертска и луѓето кои што се занимаваат со оваа проблематика да дадат одговор. Повторувам првата дилема и првиот став кој што ВМРО-ДПМНЕ го изнесе на таа средба е дали според документот EU Common Position односно европски став на ЕУ членот 11 ги започнуваме преговорите сега веднаш или пак кога ќе дојде до промена на Уставот. Бидејќи ние според овој документ читаме дека почетокот на преговорите ќе биде откако ќе биде променет Уставот или да бидам попрецизен мал дел од бугарскиот народ 750 семејства според последниот каков таков попис бидат дел од Преамбулата и нормативниот дел на македонскиот Устав, рече Мицкоски.
-Втората дилема која ја имаме и второто прашање е, членот 14 од истиот документ според кој, деновиве ќе биде потпишан документ којшто се нарекува Протокол, а во тој документ ќе се зборува за се, само нема да се зборува за владеење на право, борба против криминал и корупција, подобра економија, поквалитетно здравство, покомпетитивно образование. Туку ќе се зборуваме за средниот век, за 18 или 19 век, чиј бил Гоце, чиј бил Даме, чие било Илинденско востание, изјави Мицкоски.
Третата дилема е воведната изјава, членот 3, каде што стои дека преговарачката рамка ќе биде преведена на македонски јазик, но бугарската страна ќе даде еднострана изјава со тоа како таа го гледа македонскиот јазик. „Така што дека ние имаме чист македонски јазик, односно дека имаме јазик чист кој што буквално ќе биде дел од преговарачката рамка и од документите на Европската унија, е голема лага, рече тој.